април 18, 2021

Швеѓаните објавија видео симулации како би било „ако почне војна“ со Русија (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Шведска објави неколку снимки под назив „Кога ќе почне војна“ во кои Русија е прикажана како потенцијален оружен непријател.

Видео-снимките се објавени на каналот на шведското министерство за одбрана на платформата Јутјуб.

Шведското министерство подготвило пет клипови за потенцијална војна: „Неизвесна иднина“, „Сива зона“, „Бојно поле на иднината“, „Општа заштита“ и „Што вреди да се брани“.

Авторите го насочуваат вниманието на проблемот со глобалното загревање. Главниот проблем ќе биде зголемувањето на интересот за Арктикот и особено за Северниот Леден Океан. Заклучокот на авторот е дека тоа ќе доведе до борба на водечките сили за неговите потенцијали како транспортен коридор и извор на природни ресурси.

Шведската војска смета дека опишаниот конфликт ќе ја вклучи и Шведска иако нема излез на Северниот Леден Океан. Шведската војска како една од страните во конфликтот ја именувала Америка, кој, според нивното мислење, би требало да стане сојузничка на Стокхолм во тој потенцијален конфликт. На другата страна се Русија и Кина.

Во снимките тоа не се тврди директно. Наместо тоа, се користат алузии на советско-американска конфронтација, како и други индиректни навестувања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •