мај 16, 2021

ШАХПАСКА ЗА ТВ 24: ПЕНЗИОНИРАЊЕ СО 64 ГОДИНИ И 15 ГОДИНИ ПЕНЗИСКИ СТАЖ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисиката 24 анализа истакна дека во собраниска процедура во моментот се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за врабнотени во високото образование.

„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас.“ – рече министерката.

Министерката истакна дека се поднесени 480 амандмани и најголем дел од нив се однесуваат на моментот од кога ќе почне имплементацијата на законското решение. Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, односно минималната пензија ќе биде зголемена за 134 денари, а просечната за 185 денари, најави министерката.

Со пензијата за јануари, која ќе биде исплатена на крајот на јануари, ќе го добијат успгласувањето по закон и тоа ќе значи зголемување на минималната пензија за 134 денари месечно и зголемување на просечната пензија за 185 денари месечно, потенцираше и додаде дека не се планира пензиите да се зголемуваат линеарно како што тоа беше пракса за време на претходната власт.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •