јуни 22, 2021

Српски адвокати ќе ја поднесат првата тужба за отштета од НАТО во име на болни од рак

Адвокатска канцеларија  од Ниш ќе ја поднесе првата тужба за надомест на штета против Северноатлантската алијанса (НАТО), во име на пациентите со рак, како последица на бомбардирањето на Србија со осиромашен ураниум во 1999 година, јави Танјуг.

Првата тужба ќе биде поднесена до Високиот суд во Белград, изјави адвокатот Срѓан Алексиќ за Танјуг.

Потоа, следуваат други тужби пред судовите во Врање, Ниш, Крагуевац и Нови Сад.

Во тужбата ќе се бара отштета поради заболување од карцином по труење со осиромашен ураниум на специфични клиенти, главно војници, полицајци или воени резервисти, кои беа во Косово или јужна Србија во 1999 година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •