мај 19, 2021

Спасовски: За Водици полицијата ќе спречува собирања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што рече денеска на прес-конференцијата во МВР, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности. Организирани се со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.

– Јас очекувам дека ќе бидеме на висина на задачата и во утрешниот ден. Секако, тој што нема да почитува ќе сноси одговорност, наласи Спасовски.

Во однос на поголемиот број граѓани на Нижеполе, Спасовски оцени дека тоа е спонтано собирање.

– Секаде се постапува, дали е тоа на настани коишто се организираат од страна на организаторите, дали собирање некаде каде што е спонтано. Ова е практично собирање на граѓани коишто спонтано се собираат, вели Спасовски.

Вели не може да се очекува само МВР да влијае во однос на ваквите настани, туку е важно и како се однесуваме како граѓани.

– Сите активности кои ги преземавме во изминатиот период дадоа резултати. Погледнете ја бројката која ја имаме вчера на заболени на лица кои се оздравени од вирусот. Тоа покажува дека мораме да ја јакнеме пред се јавната свест. Ние сме тука и ќе работиме и секаде имаме непочитување на мерките, полициските овластувања ќе бидат применети, меѓутоа многу треба да се внимава и заеднички да направиме се за да си помогнеме во овој дел. Сега кога веќе сме пред процес на имунизација на населението во којшто очекуваме сите да заврши оваа криза да не направиме некоја лоша услуга на секој од нас и на сите граѓани, порача Спасовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •