април 18, 2021

Спасовски: Во Нижеполе собирот беше спонтан

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, споредувајќи ги ситуациите во Вевчани, каде што карневалот беше растурен од полицијата, и во Нижеполе, каде непречено се собраа голем број на битолчани на промотивното скијање, рече дека се работи за два различни настани.

– Во Вевчани се работеше за настан кој требаше да биде успешно организиран, додека во Нижеполе собирот беше спонтан. Ова е практично спонтано собирање на граѓани. Ние имавме полициски службеници и на Попова Шапка и во другите скијачки центри, меѓутоа немојте да очекувате дека МВР треба да биде единствено кое ќе треба да влијае во однос на ваквите настани, рече Спасовски, одговарајќи на денешната прес-конференција.

Скијачката сезона на Нижеполе започна викендов како промотивно и бесплатно, а голем број на битолчани се собраа на едно место за да купат кафе и чај.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •