мај 9, 2021

Мицкоски за ДВ: Нема време за губење, со Заев четири години тапкаме во место

Треба да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел – одблокирање на патот кон ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со партискиот потпретседател Александар Николоски, заминува во мини дипломатска офанзива – на средби со политичари од регионот и Европа. Средбите се одвиваат во време кога на домашен план е прилично жешко – и во однос на законскиот предлог за пописот, и во однос на разговорите со Бугарија, од каде и натаму стигнуваат пораки кои задираат во идентитетски прашања. Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговаравме за овие теми и за очекувањата од претстојните средби.

ДВ: Најавивте средби со повеќе политичари во рамките на пријателските односи со сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската народна партија.Што Ве води кон Будимпешта и Љубљана во овој момент?

Христијан Мицкоски: Се работи за една, би рекол, мини дипломатска офанзива, која освен Будимпешта и Љубљана ќе го вклучи и Загреб. Сите овие посети се поврзани со партиите кои практично се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската народна партија, но воедно тоа се и владејачки партии во земјите каде делуваат. Секоја средба има своја цел, но заедничко е тоа што на овие средби отворено ќе разговараме за блокираната европска перспектива на Македонија и можноста тие да помогнат во насока на придвижување кон европската иднина. Независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се’ така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта.

Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење. Ќе имам средба со Виктор Орбан кој е голем пријател на Македонија, но воедно, да не заборавиме, тој е и претседател на партијата од која доаѓа и комесарот за проширување Оливер Вархеји. Исто така ќе сретнам со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој за помалку од 6 месеци како шеф на владата во Словенија ќе преседава со Европската Унија. Потоа продолжувам во Загреб, каде ќе имам средби со високи политички преставници од сестринската ХДЗ, која минатата година имаше убедлива победа на изборите. Освен за Европската унија и за помошта кои тие може да ја понудат, ќе разговарам и за искористување на економските потенцијали. Овие три држави мошне успешно се справија со економските последици од ковид-кризата, и не само економски, туку и здравствено. Сосема на крај да потенцирам дека една од целите е и потврдување на добрите односи и соработка кои ги имаме како ВМРО-ДПМНЕ со нашите сестрински партии и поддршката која меѓусебно си ја даваме.

Деновивево фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е темата пописВашиот партиски портпарол на прес-конференција изјави дека „Заев ветил дека бројката на Албанциво земјава според пописот ќе биде над 32% од населението“. На што ги темелите ваквите тврдењапосочувајќи дури и конкретен процент?

Темата попис власта ја направи политичка и тоа е последица поради две причини. Првата, поради тоа што не ја вклучи опозицијата на ниту еден начин да учествува во овој процес, туку напротив, ги одби сите наши предлози и суштински амандмани, триесетина на број. И втората причина е тоа што овој процес го турка на сила во услови кога многу поразвиени земји како Германија, Бугарија, Хрватска, Ирска, Шкотска пред се’ поради ковид-кризата ги одложија своите пописи. Значи отфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се’, треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари.

Остануваат ли истите причини за сомнеж, кои ги наведувате во повеќе наврати? 

Целото интервју тука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •