февруари 28, 2021

Марија Захарова по критиките за апсењето на Навални: Занимавајте се со проблемите во вашите земји

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова преку социјалните мрежи им порача на странските политичари кои го критикуваат апсењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, да го почитуваат меѓународното право и рускиот закон и да се занимаваат со своите проблеми.

-Што се однесува на господинот Саливен, и други странски политичари кои објавуваат однапред подготвени коментари, почитувајте го меѓународното право и националното законодавство на суверените држави и занимавајте се со проблемите во своите земји, напиша Захарова на Фејсбук.

Според информациите од руските власти, судот во вторник ќе одлучи дали Навални ќе биде пуштен или задржан во притвор. Тој беше уапсен на аеродром во Москва, каде слета од Берлин.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •