јуни 23, 2021

Директорот на Статистика Симовски: Не ме интересира дали некому ќе се допаднат резултатите од пописот, јас прв ќе бидам незадоволен

Секогаш ќе има незадоволни каков и попис да направите, но статистиката не ја прави реалноста, статистиката ја регистрира реалноста. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

-Јас знам една работа, дека секогаш ќе има незадоволни во државата каков и попис да направите. Значи да дојдат и најреномираните светски стручњаци да спроведат попис, дури како попишувачи да ги собереме од цел свет, пак некој ќе има на кој нема да му се допаѓаа. Лично на мене нема да ми се допаѓаат податоците на пописот, бидејќи јас знам дека ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, но ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации, значи далеку ќе бидеме од тоа дека имаме раст на населението или што било, значи јас ќе бидам прв ќе бидам незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам. Треба да погледнеме, да отвориме очи, да си ја прифатиме реалноста каква ни е. Статистика не ја прави реалноста, статистика ја регистрира реалноста, тоа е нашата обврска и тоа мора да го направиме. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, ама буквално не ме интересира дали некој, а особено на политички субјекти дали им се бендисуваат податоците. Битната работа е да обезбедиме здрава основа за оние што сме тука и оние кои треба да го планираат развојот на оваа држава во позитивна, добра насока да имаат добра основа, тоа мора да го овозможи пописот, вели Симовски во интервјуто.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •