мај 19, 2021

ВИДЕО: Хаос во Амстердам поради новите мерки, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Амстердам на протест поради „локдаунот“ која е воведен за спречување на ширењето на коронавирусот. Ваквите собири се недозволени, а бидејќи демонстраните не сакаа да се разотидат, полицијата употреби водени топови за да ги растера.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Слобода: запрете ја оваа опсада“. Тие не носеа маски и малкумина одржуваа дистанца.

Во Холандија затворени се училиштата и поголемиот дел од продавниците за да се намали ширењето на коронавирусот. „Локдаунот“ е продолжен за уште три недели.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •