март 2, 2021

Угостителите од скопскиот кеј велат дека на градот му е само да ја изгради улицата низ шеталиштето

Угостителите кои на скопскиот кеј имаат објекти бараат град Скопје поради пандемијата да не ги урива нивните летни бавчи и оценуваат дека улицата која ќе води кон Телеком го сече кејот на два дела и ќе предизвика големи проблеми за безбедноста на гостите.

Планот на градоначалникот Шилегов да направи улица не е добар, велат тие, додека Шилегов уште вчера изјави дека хаосот на кејот мора да се реши, улицата му е оставена во наследство од претходникот Трајановски, а кејот треба да се реновира и претвори во шеталиште за граѓаните.

На фотографијата горе е планот за кејот, со жолта боја е планираната улица која се наоѓа до одобрените бавчи.

Угостителите пак не се против реновирањето кое ќе ги остави без деловен простор, но сметаат дека треба да биде после пандемијата. За планот добиле известување пред неколку дена.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •