март 6, 2021

Пронајден мртов сведок на Хаг, кој командувал со затвор на ОВК

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов. Како наведува Газета експрес, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.

За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши, кој рече:„Полицијата е на местото на настанот, тој беше пронајден мртов некаде на планините“.

Инаку, Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој беше примен во полицијата по 1999 година.

Од Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија своевремено изјавија дека тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби.

Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •