април 14, 2021

Николоски: Доколку власта не беше раскалашена, немаше да имаме 1.5 милијарда задолжување

Во вечерашното издание на “Јади бурек” на телевизија Сонце потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Александар Николоски, посочи дека власта на чело со СДСМ со буџетот за 2021 година краде и пере пари затоа што власта има интерс да се финансира себе си. Истакна дека парите што сакаат дискреционо да ги трошат е со цел да го крадат народот.

-Во буџетот има трансфери. Трансфери за пензии, за плати, за здравство, за луѓе кои имаат потреба од социјална помош, за образование и постојат таканаречени други трансфери. Се оставаат друг дел од парите, значи Владата не може се да предвиди и се оставаат пари за другата година. Други трансфери во 2021 година се рекордни 641 милион евра – скоро дупло од капиталните расходи, а за овие други трансфери каде одат и кој ги добива одлучува повторно премиерот и Владата лично. Тука одат дотации до невладини организации, дотации до единици на локална самоуправа и до други субјекти со кои Владата има добри релации. Значи 640 милиони евра се други трансфери во оваа 2021 година. Споредено со 2009-та тоа е повеќе за 295 милиони евра, споредено со 2011 година за 277 милиони евра или доколку ги направиме разликите само на други трансфери и на стоки и услуги и не се раскалашела владата, тука имаме за две години повеќе околу 600 милиони евра споредено со 2009-та и 2011-та година во кризните години и имаме уште околу 600 милиони евра од прилика споредено со истите години и доаѓаме до цифра од една ипол милијарда евра. Што значи дека само доколку не биле раскалашени и не биле тргнати на крадење за две години Македонија наместо да се задолжи милијарда и петстотини милиони евра, можеше да се задолжи 300 милиони евра и да ја преброди кризата, вели Николоски.

Владата наместо паметно да ги распредели парите од буџетот, таа ги распределува во други трансфери, посочи Николоски и додаде дека ова крадење или перење на пари е затоа што власта има интерес да се финансира себеси и дека овие пари сакаат дискреционо да ги трошат со цел да го крадат народот.

-Власта знаат дека ова им е фајронт и последно па, прават дај што ќе даеш. Ги товарат магарињата што би рекол народот, и да си се повлечат но, треба да знаат дека одговорност ќе има. Затоа еве ќе кажам дека во Собранието има пратеници кои ќе ја поддржат промената на власта бидејќи не се задоволни од економското фијаско кое што се случува во Република Македонија, рече Николоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •