јуни 22, 2021

Лешет избран за претседател на ЦДУ

Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

На дигиталното партиско собрание Лешет во вториот круг од гласањето го победи шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц. Од вкупно 991, Лашет доби 521 глас, а Мерц – 466.

Во првиот круг од гласањето испадна поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген.

Лашет изјави дека ќе направи се што треба за ЦДУ да помине добро на претстојните парламентарни избори во Германија

Лашет важи за умерен политичар кој ќе ги продолжи насоките одредени од Ангела Меркел, која е 16 години на лидерското место.

Дали Лашет ќе биде кандидат за канцелар на изборите во септември, ќе се одлучува по неколкуте покраински избори.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •