мај 14, 2021

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

При отворањето на дебатата за легализација на марихуаната во рекреативни цели, секогаш се поставува прашањето дали таа навистина води кон консумирање на потешки опојни средства, нешто што според докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски претставува само заблуда, а не и реалност.

– Заблуда е дека консумацијата на марихуана мора да доведе кон посегнување кон потешки дроги. Во мојата тридеценски пракса сум се сретнал со голем број на уживатели кои никогаш не посегнале кон наркотични средства – вели д-р Беќаровски.

За зависноста од марихуана тој вели дека тоа е индивидуална работа и зависи од менталниот склоп на личноста, а нагласува и дека има лица на кои токму марихуаната им помогнала да се откажат од тешки наркотични средства, како што е на пример хероинот.

– Имало и пациенти кои започнале со конзумирање на марихуана, па преминале или експериментирале со други опојни средства и психоактивни супстанции, но има и такви кои спасот од хероинската зависност го нашле во супституција со марихуана – додава Беќаровски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •