април 18, 2021

Драма во Софија по палењето на бугарското знаме: Или повлечете го бугарскиот амбасадор или Бугарија ќе капитулира пред македонизмот

Министерството за надворешни работи на Бугарија мора да го повика амбасадорот во Република Македонија за консултации, рече бугарскиот новинар, експерт за меѓународно право и поранешен амбасадор, Велизар Енчев, коментирајќи го палењето на бугарското знаме во селото Вевчани.

Инцидентот се случи за време на традиционалниот Вевчански карневал.

Што треба да се случи за да го направиме овој неизбежен чекор? Можеби пијана толпа треба да ја нападне бугарската мисија во Скопје за да го отповика нашиот амбасадор, напиша Енчев на својата страница на Фејсбук.

Според негово мислење, тоа што се случи докажува дека Софија донела правилна одлука кога не го поддржа почетокот на преговорите и влезот на нејзиниот сосед во ЕУ.

Дури и на слепите и глувите лица на Балканот им е јасно дека во Република Македонија постои антибугарско расположение, кое не може да се раскине со ниту еден договор за пријателство. Согласноста на Бугарија за влез на Република Македонија во ЕУ ќе биде капитулација на незадржливиот македонизам, рече тој.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски исто така го коментираше инцидентот.

Грозно, одвратно и брутално посегање по бугарското. Не дозволуваме сквернавење на националните симболи, како и на кој било друг вид на изразување на омраза, што е измама со сеќавањето на нашите предцит. Таквата Македонија не може да има место ниту во ЕУ ниту во цивилизираниот свет, напиша тој на твитер.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •