јуни 21, 2021

Специјална епизода од емисијата Слободни Фрлања со Никлеман (видео)

Никлеман и гостинот Марко Богдановски, прв голман на ракометниот клуб Аеродром кој се натпреварува во првата македонска лига, шутираа слободни на плоштад Македонија во центарот на Скопје.

Во оваа епизода беа вклучени 10-тина случајни минувачи кои добија шанса да ги покажат своите кошаркарски способности, а успешните шутеви резултираа со слатки подароци.

Како и во претходните епизоди, така и во оваа, беа собрани и донирани 2.100 денари во хуманитарни цели.

Апел до општествено одговорните и хумани компании да ја поддржат оваа емисија, со што би се донирале повеќе средства онаму каде што се потребни.

Авторот на проектот, Никола Митрески може да го контактирате на следнава е-пошта:

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •