мај 16, 2021

Со дијамантски прстен Коста ја запроси Марија

Пратеникот и портпарол на СДСМ, струмичанецот Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија Десанова, со која подолг период е во врска.

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.- Advertisements –

-Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам, од овде до небото и назад – објави Костадинов.

И покрај тоа што долго време се заедно, Коста и Марија ретко споделуваат детали од приватниот живот во јавноста. Познато е дека Марија по потекло е од Битола, а парот живее заедно во Скопје.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •