април 14, 2021

Рама: Бугарија и вети на Македонија само 100 дози од вакцината, но и тие не сака да им ги даде

Премиерот на Албанија, Еди Рама, бранејќи се синоќа во студиото на „Топ Чанел“ за бавното темпо на набавки на вакцините против коронавирусот, рече дека во Македонија се уште нема влезено ниту една доза.

Тој рече дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.

„Македонија не започна за жал со вакцинацијата и не е виновна за тоа, Бугарија сè уште не им ја даде донацијата затоа што сакаа да ја искористат.“, рече Рама.

Албанскиот премиер додаде дека се работело само за 100 дози донација од Бугарија за Македонија.

Досега ниту бугарската ниту македонската страна не споменале бројки кога станува збор за донацијата која ја потпиша како договор министерот за здравство Венко Филипче.

Рама рече дека Албанија има капацитет за 14 месеци да го затвори циклусот на вакцинација, кој започна на 11 јануари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •