април 13, 2021

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е недопустливо и за осуда

И претседателот на државата, Стево Пендаровски со реакција по палењето на знамето на Бугарија во Вевчани.

„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување“, вели претседателот Пендаровски.

Вчера на последниот ден од карневалот, беше запалено знамето на Бугарија заедно со останатите маски.

Синоќа со реакција се јави и МНР на Бугарија, Екатерина Захариева.

Му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, пред Владата на РМакедонија да ја изрази нашата силна огорченост за вандалскиот чин во селото Вевчани во РМакедонија, каде според вестите во медиумите беше запалено знамето на Бугарија, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариевa.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •