март 4, 2021

Македонија се приклучи на санкциите на ЕУ кон Белорусија

Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ.

„Земјите-кандидати: Република Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд и Норвешка, кои се дел од Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот (за санкции)“, се вели во соопштението.

Исто така, се забележува дека по овој чекор, овие земји ќе ги спроведуваат своите национални политики во согласност со одлуката на Советот на ЕУ.

Европската унија тогаш го поздрави пристапувањето на пет земји во третиот пакет санкции против Белорусија, кој стапи на сила на 17 декември минатата година.

Претходно, Европската унија неколку пати го објавуваше списокот на санкции против Белорусија: на 2 октомври, 6 ноември и 17 декември. Претседателот Александар Лукашенко е ставен на црната листа во вториот пакет.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •