февруари 26, 2021

ЗАЕВ ЗА КАПИТАЛ: СО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД ПАНДЕМИЈАТА ЕФЕКТИТЕ ОД НАШИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ЌЕ БИДАТ ВИДЛИВИ

„Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сѐ вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга ‘хардвер’ инфраструктура  се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент  каде  неизвесноста ќе биде намалена,  а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.“,  вели претседателот на македонската влада, г. Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.

Македонската економија влезе во 2021 година со многу предизвици пред себе – ефектите од Ковид пандемијата се’ уште силно се чувствуваат во поедини сектори што се најмногу погодени, а бизнис коморите секојдневно инсистираат на продолжување на пакетите антикризни мерки, особено на поддршката во исплаќање плати, како и на воведување нови.
Премиерот Зоран Заев најави дека се разгледува и петтиот пакет мерки, што треба да биде претставен во февруари, но конкретни детали засега  нема.

Разговаравме со него околу се’ она што може да го очекуваме да се случува на економски план во 2021, но и во преостанатиот дел од мандатот на актуелнава влада.

Г- не  премиер, како ја оценувате годината зад нас на економски план со оглед на сите предизвици со коишто бевме како држава соочени поради пандемијата? Каков ефект дадоа пакетите со антикризни мерки и дали дел  од нив ќе продолжат и годинава, што е впрочем, побарано и од бизнис коморите деновиве?

Наша најголема грижа и фокус уште со стартот на кризата што ја донесе пандемијата со КОВИД-19, освен здравствената стратегијата за справување со коронавирусот, беше  многу брзо да ги донесеме и спроведеме мерките за соодветен одговор на економската криза предизвикана од пандемијата.

Тврдам дека тоа беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места. Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за сите наредни мерки кој имаа за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности.

Креиравме четири пакети економски мерки за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра или приближно 10% од нашиот Бруто домашен производ. Обезбедивме сигурност на работните места на граѓаните, одржлива потрошувачка, а ги помогнавме и најпогодените сектори од кризата, како и најранливите категории на граѓани. Ја исполнивме и нашата главна цел да ја задржиме, па дури и да ја подобриме функционалност на државата. Редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, дополнително ги реализираме и споменатите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Никој не може да ни забележи дека сите мерки не ги донесовме на инклузивен начин, со соодветни анализи и во консултација со меѓународните финансиски институции, како и со националните релевантни чинители, економски експерти, стопански комори, организација на работодавачи, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор.

Најголем ефект е постигнат со мерката за субвенции на плати, со која во последниот пакет отидовме и подалеку со скалест раст на поддршката во зависност од падот на приходите кај компаниите која изнесуваше до  21.776 денари. Мене ми е посебно драго што сочувавме околу 100.000 работни места и поддржавме околу 15.000 претпријатија погодени од кризата со финансирање на дел од платата на два пати по три месеци.

Дополнително финансиски се поддржани околу 500.000 граѓани кои беа најпогодени со кризата преку директно префрлување средства на нивната трансакциска сметка, а поволните кредити преку Развојната банка за стопанството со исклучително ниска камата беа добредојдени и искористени од страна на домашните компании. Обезбедивме бесплатни тестови, средства за вакцини, поддршка на медицинскиот персонал.

Јас денеска можам да кажам дека ефектот од мерките е очигледен, со самото формирање на Владата после изборите во јули 2020,  резултатите во третиот квартал во повеќе домени се значително подобрени. Се ублажи големиот пад на БДП од -14,9% регистриран во второто тримесечје од 2020 година и согласно податоците на статистика, за третото тримесечје од 2020 година, стапката изнесува -3,3%. Исто така, гледано по компоненти ќе се забележи дека по високиот пад на бруто – инвестициите од 34,4% во вториот квартал, во третиот квартал има раст од 4,2%, што се должи на растот на инвестициите во градежните работи, како и во машини и опрема. Во третиот квартал падот на потрошувачката е ублажен на -1,2%, од високи -9,1% во претходниот квартал. Тоа главно се должи на фактот дека јавната потрошувачка забележа раст од високи 13,5% на реална основа, што се должи на зголеменото трошење за поддршка на најпогодените категории од пандемијата.

Несомнено е дека кризата се прелева и во првиот квартал на 2021 година за што го планираме и петтиот пакет економски мерки. Сѐ додека кризата трае, Владата со соодветни механизми ќе делува за ублажување на ефектите од пандемијата, состојбата ја следиме во чекор и адекватно реагираме. Државата е тука, како и до сега солидарно да помага на граѓаните и на реалниот сектор. Постигнатите ефекти се потврдени и од меѓународните финансиски институции, меѓу кои и во извештаите на Светска Банка каде се наведува дека состојбата би била многу полоша ако Владите во Западен Балкан, уште на почетокот на кризата не преземаа брзи мерки за ставање на здравствената криза под контрола и ограничување на економската штета.

Продолжуваме да инвестираме во патишта, училишта, болници…

Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема… Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти. Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи. Во Буџетот за годинава,  капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година.

Капиталните инвестиции пред корона – кризата беа ставка што повеќе години по ред се реализираше далеку послабо од планираното, додека за 2020 година остварувањето на капиталните расходи е дури 82%. Како се постигна ова ниво на реализација и какви се плановите за 2021? Кои ќе бидат клучните капитални проекти во следниот период?

Целото интервју тука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •