март 6, 2021

ВНИМАТЕЛНО СО ВАКЦИНИТЕ

Вело Марковски - 2


Дали се вакцините решение за некоја инфективна болест?
Да, вакцините се решение за секоја инфективна болест.
Дали се вакцините единствена заштита од одредена инфективна болест?
Не, најдобар начин на заштитата од некоја инфективна болест е прележување на таа болест.

Во зависност од антигенската стабилност на некој причинител, имунитетот по прележана болест е долг/доживотен или краток (сезонски). Постои и термин на тивка имунизација која настанува кај медицинскиот персонал кај кој поради чест контакт со одреден причинител се создава заштитно ниво на антитела, значи се добива заштита без разболување или вакцинирање. Постојат и превентивни мерки со кои успешно се штитиме од многу инфективни болести.
Има ли вакцини за сите болести?
Не, за некои причинители кои не се сериозен проблем нема ни обиди за правење на вакцини, но има и причинители кои се многу сериозен проблем, но човекот со неговата наука не успеал да направи вакцина и покрај долгогодишни напори и потрошени стотици милјарди долари. На пример, ХИВ, стрептокони инфекции, стафилококни инфекции, хеморагични трески, бруцелоза…
Има ли вакцини кои се употребуваат/употребувале и имаат добра заштита?
Да, повеќето вакцини од таканаречен вакцинален календар се добри и со заштита од 5 години.
Има ли вакцини кои се употребуваат а даваат краткотрајна заштита?
Да, вакцината за грип, е една од најлошите вакцини кои ја направил човекот затоа што дава краток 9 месечен имунитет поради постојаните мутации на неговите клучни антигени (хемаглутинин и неуроаминидаза). Сепак оваа вакцина спасува илјадници животи годишно од таканаречените ризични групи. Најдобра од сите вакцини за грип е таканаречена сплит вакцина, која содржи само површински антигени.
Има ли вакцини кои се високо ризични а ги даваме?
Да, таква е на пример вакцината и имонолошката заштита против беснило. Вакцината е со висок ризик, но беснилото е болест со смртност од 100 %, до денес не е опишан случај на преживеан од беснило. Годишно умираат по околу 40.000 луѓе од беснило во светот. Затоа инфектолозите во случаи со сомнение на каснување од сомнително на беснило животно одат по работ на зидот, односно до последно бараат да се утврди од страна на ветеринар состојбата на животното, па дури ако живтното има знаци на беснило или е диво животно се дава антирабична профилакса.
Има ли вакцини кои се многу успешни во нивната намена (спречување на болест) а направиле многу несакани ефекти?
Да, постојат вакцини кои давале многу несакани ефекти и поради тоа биле повлекувани од употреба. Вакцината за полио иако многу успешна и една од причините за целосна ерадикација на полиомилитисот во скоро сите земји во светот. Вакцинатра има несогледливи штетни последици по здравјето на човекот затоа што со неа е внесен СВ 40 вирусот, кој подоцна науката го идентификува како онкоген вирус (вирус кој предизвикува рак). Се смета дека околу 300 милиони луѓе во светот го имаат добиено овој вирус со вакцината.
Има ли вакцини кои се даваат а не се потребни?
Повеќето држави од развиениот свет не даваат БСЖ вакцина затоа што науката утврди дека оваа вакцина не штити од туберкулоза. Истотака необјасниво и несфатливо е давање на вакцини за болести кои ги немаме веќе (ерадицирани се). Такви болести се дифтерија и полиомиелитис. Оваа појава која највероватно е продолжена под притисок на производителите на вакцини, всушност со право е главното оправдување на создадената недоверба кон вакцините (таканечени антиваксери). Значи се вакцинира за болести кои веќе ги нема а самата вакцина штити 4-5 години. СЗО дури во 2016 година го исфрли типот 2 од тровалентната вакцина за полио иако до 2002 година во Европа и сите земји во светот (освен во 3) е ерадицирана оваа болест. Во тој период (до 2016 година) во светот имаше повеќе разболени од полиомиелитис добиен со вакцина споредено со дивиот полио вирус.
Дали досега се вакцинирала целата популација во светот од некоја инфективна болест?
Не, досега немало ни обиди ниту напори за вакцинирање на сите од одредена болест. Дури и кога имало појава на карантински болести и болести со висока смртност се вакцинирало во одредени држави, региони или групи на луѓе. Амбициите да се извакцинираат сите со КОВИД-19 вакцина се први до сега и немаат научно оправдување. Веќе голем борој на луѓе имале контакт со вирусот (симптоматски или асимптоматски, лесни или тешки форми) и се имунизирале на природен пат, со прележување на оваа болест. Тоа е најдобриот начин на имунизација, и тие не треба да примаат вакцина. Значи пред вакцинирање МОРА ДА СЕ ПРОВЕРИ ПОЕДИНЕЧНО СЕКОЈ ПРИМАТЕЛ ДАЛИ И КАКВО Е НИВОТО НА ЗАШТИТНИ АНТИТЕЛА КОН КОВИД -19. Ова и досега е пракса во медицината, не сфатливо е вакцинирање против Хепатитс Б, без предходно да с е провери дали тој човек имал предходно контакт со вирусот. Тоа успешно, со децении се практикува и кај нас, но и во сите развиени држави. Давање на вакцина на човек кој има високо ниво на антитела кон тој причинител може да предизвика болест дури и смрт поради создавање на огромна количина на имунокомплекси (врзани антитела за антиген) во краток временски период. Оваа количина на иминокомплекси организмот не може да ја исфрли, па овие комплекси ќе се наврзат на мембрани (срце, бубрези…) или ќе оштетат хематоенцефална бариера и ќе предизвикаат воспаление на мозокот.
Дали некогаш досега се давани вакцини за кои не се завршени сите предклинички и клинички испитувања?
Не, никогаш досега дури и кога имало опасни и карантински болести не се давале лекови и/или вакцини ако не се зваршени сите испитувања. Не навлегувајќи како и зошто некои производители знаеле дека ќе има пандмеија од вакви размери и започнале производство со КОВИД-19 вакцини пред појава и прогласување на пандемија (Фајзер производството го започнал на 10 јануари 2020 година, другите производители во периодот од 16-20 март 2020 година, неколку дена по прогласување на пандемијата на 11 март 2020 година), клиничките испитувања со оваа вакцина не се завршени. Според званичните документи на САМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ комплетното клиничкото испитување ќе заврши на 27 јануари 2023 година кај Фајзер, на 22 октомври за Модерна вакцината, и најрано на 21 мај 2021 година за руската Спутник 5 вакцина. Значи се започна со масовно вакцинирање со вакцина само на 7 дена по завршување на таканречена трета фаза од клиничко испитување без комплетно завршување на студиите и пратење на ефектите од вакцините кај контролните групи. Дури по комплетното завршување на клиничките испитувања производителите ќе објават научни трудови со ефектите, долготрајноста на заштита на вакцините, несаканите дејства, тежината на несаканите дејства и т.н. Поради сево ова и СЗО во свои документи се оградува од препораки за давање на овие вакцини со формулација: испитуваме, не гарантираме, не знаеме уште, одговорноста е на производителот и на примателот на вакцината…

http://(https://www.who.int/blueprint/priority-diseases/key-action/novel-coronavirus-landscape-ncov.pdf)
Зошто со нов тип на вакцини против КОВИД-19?
Помеѓу 163 производители во предклиничко испитување и 51 вакцина во клиничко испитување има производители кои одат со производство на вакцини по класичен тип на култура на клетки (Пастер…). Но, домининатни и најголем број вакцинирани барем во оваа фаза ќе бидат со новите вакцини, ДНА вакцини (Оксфорд, Спутник 5) или мРНА (Фајзер, Модерна). Овие вакцини се нови, се експериментира со нив во последниве 15-20 години, иако теоретски се со огромен потенцијал за промена на справување со сите болести кај луѓето, сепак експериментите кај глувци им покажале бројни технички проблеми. Принципот им е со внесување на секвенца на сакан протеин да делуваат во јадрото на клетката домаќин (ДНА вакцините) па да делуваат на јадрото само да го произведува саканиот протеин, во овој случај С протеинот на САРС КоВ 2 вирусот, па имунолошкиот ситем да препознае дека се работи за несакан протеин и да почне со производство на антитела. Значи, класичните вакцини, надвор го произведуваа тој протеин и како таков се внесување во организмот, имунитетот реагира на тој туѓ протеин и ствара заштита кон него (антитела, мемориски Б и Т лимфоцити). Сега, со новиве вакцини саканиот протеин нема да се произведува надвор, туку ќе се излаже клетката сама да го произведува. МРНа вакцините не реагираат на ниво на јадро, туку содржат синтетски произведена месингер РНА која ќе му пренесе на рибозомот на клетката да го произведува С протеинот на САРС КоВ 2 вирусот па откако тој ќе дојде до површината на клетката имунолошкиот систем да почне со стварање на антитела кон КОВИД-19 вирусот. Оваа идеја како идеја може да биде и добра, но секако денешното ниво на науката не е доволно развиено за да ја спроведе до крај. И самите производители но и научници признаваат за неколку сериозни проблеми. Првиот голем проблем им е како да ги донесат секвенците до саканата клетка. При тоа овој материјал да не отиде во клетки од мозок и други витални органи. ДНА вакцините се дизајнирани да со помош на вирус (аденовирус) на кого предходно му е внесен плазмид со сакната секвенца да го решат порблемот на транспорт од боцкањето па до целната клетка. Притоа проблем е дали имунолошкиот систем пред време нема да го уништи аденовирусот. мРНА вакцините користат липидни честички како носачи на материјалот. Но нема гаранција дека овој материјал ќе отиде до саканата клетка. Вториот голем проблем е што над 73 % од сите алергии се всушност алергија на овие липидни честички кои масовно се употребуваат во производство на храна но и како носачи на многу лекови (досега користени).


Дали новите вакцини ќе ги оправдаат очекувањата?
Можно е, но навистина треба време да се согледа дали и во колкав процент ќе има несакани дејства, наспроти процентот на создавање на заштита која би била резултат на создавање на антитела и активирање на памтечките лимфоцити.


Како заклучок: Во услови на голем страв и неизвесност за крајот на КОВИД -19 пандемијата, треба да се обезбедат вакцини за тие што сакаат. При тоа вакцинирањето мора да биде доброволно, да се објаснат можните последици. Секако вакцинирањето мора да се изведува со предходна проверка на нивото на заштитни антитела. Да не заборавиме дека природната имунизација (прележување на болест) е најдобрата имунизација.


Проф др. Специјалист инфектолог Вело Марковски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •