јуни 22, 2021

Апасиев вели дека Албанците ќе бидат 28,5 отсто на пописот

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, смета дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот на населението што ќе се организира во април ќе изнесува 28,5 отсто.

„Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%). Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со “државници” ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек“, напиша пратеникот на Фејсбук.

Во моментов опозицијата се заканува дека нема да го признае и дека нема да го почитува пописот. ВМРО-ДПМНЕ бара операцијата да се изведе со терминали за отисоци од прст и да се прикаже само бројот на резидентите во земјата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •