јуни 22, 2021

ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА СДС-ДПМНЕ ГО АМНЕСТИРА МИЈАЛКОВ

Сашо Мијалков, поранешен висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, поранешен директор на УБК, поврзуван со многу криминали во државава, еден од главните обвинети во случаите „Таргет-Тврдина“, „Титаник“, „Трезор“ и „Тортура“, е човекот на кој нема да му се суди за уништувањето на опремата за прислушување, затоа што кривичното дело за кое се гонеше му застаре.

Судскиот процес „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на незаконското прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година се наближува кон крајот, а поради застарување отпадна едно од кривичните дела на Мијалков.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година,незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани, меѓу кои беше и претседателот на Левица – Димитар Апасиев, за што поднесе барање за оштета од осомничените во „Таргет-Тврдина“.

Евидентен е молкот на голем дел од тогашните критичари на режимот, преку новинари, граѓански активисти, интелектуалци, професори, уметници – кои сега по ниту една цена не го спомнуваат името на амнестираниот поранешен началник. Со оглед на тоа дека голем дел од нив беа прислушувани од претходната власт, јавно прашуваме дали овие пулени на новиот режим ќе поднесат барање за оштета од осомничените за незаконското прислушкување?

Дали амнестијата на еден од најфрапантните криминали на претходниот режим е награда од Заев за успешните преговори на Мијалков со 8-те пратеници од ВМРО ДПМНЕ, чиишто гласови во Собранието беа клучни за усвојување на измените на уставот за промена на државното име на Република Македонија?

Дали и во иднина ќе продолжи нивната соработка и ќе цветаат нивните бизниси на штета на сите граѓани на Република Македонија?

Дали ќе продолжи амнестијата, разорувањето на капацитетите на државата што доведе да сме во инфериорна позиција пред сите соседи со погазен идентитет од страна на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ?

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •