март 4, 2021

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: Можеби членството во ЕЕЗ, за балканските земји е пореално од членството во ЕУ

Да присуствуваш без да бидеш дел, можеби членството во ЕЕЗ за балканските земји е пореално од членството во ЕУ, вели блкизок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел.

Понекогаш сеуште опстојува, но очигледно во последно време никој повеќе не верува, во проширувањето на Eвропската унија кон шеsте држави од западен Балкан или за поедини од нив во престојнава деценија тоа е мошне нереално. Дури и со 27 членки, Европската унија не е воопшто одлучувачка, кога станува збор за прашања од финнансиите, буџетирањето и надворешната политикa, за една унија од 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можеме да си претпоставиме, што би значело кога држава како Србија би имала право на глас во однос на прашањето, каков однос треба да има унијата со Русија. Но, на Европската унија не може да и биде сеедно, како на соседите на нејзините земји членки од Балканот се развиваат.

Bидејќи, ова станува нереално, се поставува прашањето која понуда ќе и ја дадае Европската унија и нејзините земји членки на балканските држави, која истовремено ќе биде реална, но од друга страна за регионот ќе биде доволно атрактивна, за да се спречат авторитарми тенденции кои ќе овозможат реформските процеси да се одржат или на одредени места да заживеат. Рецепт кој што постојано се повторува гласи: да се земат балканските држави како членки на Европската Економска Зона. Поинаку кажано: ќе имаат економски и пазарно учество без право на плитичка одлука во Европската унија.

Дел од оние кои што се особено гласни за овој кон концепт припаѓа и долгогодишниот европски преставник, Елмар Брук кој доаѓа од ЦДУ. Во неговото скоро четири децениско присиство во Европскиот парламент, од 1980 година Брук бил сведок на шест проширувања на Европската унија. Тоа што гласањето во последно време се променило, тој посочува дека францускиот претседател Макрон има право кога вели дека треба да има реформи на Европската унија пред нови проширувања. Дури и да успее одредена балканска држава да ги заврши пристапните преговори како што тоа го бара Европската комисија, ратификацијата на пристапување во европскиот парламент и во националните парламенти, е скоро неверојатно. За очекување е дека одредени земји членмки ќе наоѓаат причини за одолговлекувањето на пристапувањето. Преку тоа, разочорувањето кое ќе се појави во западен Балкан отвора врата за зголемено влијание на Русија, Турција, Арапските држави и Кина во регионот. И тоа не може да биде во интерес на Европската унија, изјавува Брук.

Одтука, потребни се реални, меѓу решенија кои на луѓето од регионот ќе им овозможат низа поволности и со што ќе почуствуваат промени. Одтука постои еден начин: Членство во ЕЕЗ. Државите од ЕЕЗ имаат целосен пристап до европскиот пазар со сите права и обврски, за нив важи евтопското право. Но, тие не се дел од инстируциите на Европската Унија. Ова функционира со Новрешка, Исланд и Лихтенштајн, при што постои взаемно задоволство. ЕЕЗ е основана 1994 година со цел се имплементира влијанието на европскиот заеднички пазар врз државите членки на ЕФТА. Шведска, Австрија и Финска после пристапувањето кон ЕЕЗ успешно станаа членки на Европската Унија. Други држави, како Норвешка, не се одлучија кон последниот чекор – пристапување кон ЕУ. Припадноста кон ЕЕЗ е на некој начин, камен темелник. Кој од таму би сакал да продолжи кон целосно членство во Европската унија тоа може да го направи, бидејќи за пристап во ЕЕЗ се потребни да се исполнат и до 70% од потребните критериуми за влез во ЕУ. Па така патот до унијата од таму и не е така далечен.

Обвинувањата на балканските држави дека понудата за влез во ЕЕЗ е членство од втора класа и за тоа се одбва, Брук ја објаснува на следниов начин. Како прво, опцијата за целосно членство, реално гледано, за многу години од различни причини е нереална и понатаму да се стремите, може само да предизвика разочарување. Членството во ЕЕЗ, од друга страна е значаен, но и реален чекор кој за државите членки на Европската економска зона им овозможува бројни предности, а за луѓето од Балканот носи големи подобрувања.

Но, дали стопанствата од западниот Балкан би можеле да го издржат притисокот на Европскиот заеднички пазар? Дали не постои опасноста цели сектори да подпаднат под притисокот на пазарно посилните европски корпорации, кога пазарите би се отвориле без ограничување? Но, тоа според Брук, се решава со асиметрични решенија, нагласува тој – Пазарите нема веднаш целосно да се отворат, одредени сектори би се штителе во повеќегодишен период. Во тој период, ќе се згиолеми компетитивната способност на погодените сектори, преку европските фондови. Брук посочува, дека сите источно европски држави, кои со слаби економиии им пристамуваат на ЕУ доживуваат робустен, во дел и огромен економски раст.Иако, идеите на Брук со години кружат, треба да се кажи, тие во јавниот дискурс на балканските држави се потценети. Таму, „проевтопејците“ се сеуште во исчекување на целосно членство во Унијата.

Еврокомесарот, Оливер Вархеј ја препознава реалноста, но, сепак вели дека, целосното членство е возможно, кое државите членки со сопствени сили би го оствариле.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •