мај 16, 2021

Се бара повлекување на 158.000 автомобили на „Тесла“ поради дефект

Американските регулатори побараа од „Тесла“ да повлече 158.000 возила во САД поради дефект околу безбедноста. Властите нагласија дека дефектот е пронајден кај автомобилите на „Тесла модел С“ од периодот 2012-2018 година и кај „Модел икс-ес“ – 2016-2018 година.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во писмото наведува дека проблем со контролната табла на автомобилот може да предизвика повеќекратна штета, како што е губење на камерата за заден преглед и други функции поврзани со безбедноста на возилото.

„Стапката на откажување во оваа истрага е значително поголема од стапката на откажување кај возилата вклучени во претходните повлекувања кои имаа вакви проблеми“, се вели во соопштението.

Дефекот на контролната табла, според образложението, може да го попречи системот за одмрзнување и на шофершајбната, да влијае на системот за автопилот и на функционалноста на трепкачите.

Компанијата „Тесла“ не е должна да го исполни барањето на федералната агенција, но има рок до 27 јануари да приложи објаснување. Барањето претставува голем проблем за компанијата, бидејќи 158.000 автомобили претставуваат речиси третина од сите автомобили испорачани минатата 2020 година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •