мај 14, 2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ свесно го носи народот во опасност, провоцира и подгрева тензии во Вевчани

Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје.

Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето

ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.

Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат.

Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа.

Апелираме до сите граѓани, да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •