Од 2015 до 2020 година локалната власт во Охрид потрошила вкупно 141.976 евра за изнајмување новогодишни украси

Во време на здравствена криза кога Охрид битисува без странски туристи, а кај локалните жители избледе еуфоријата за прослава и голем број работници останаа без работно место и секојдневно молат за донаторска финансиска помош, за дочекот на 2021 година Општина Охрид потроши 20,600 евра.
🔻Од 2015 до 2020 година локалната власт потрошила вкупно 141.976 евра или 8.731.547 денари за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали, сите изнајмени од Друштво за трговија, производство и услуги „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ ДООЕЛ” увоз-извоз Скопје.
🔻Листа од последните шест години:
2015год – 22,869€;
2016год – 23,024€;
2017год – 16,249€;
2018год – 30,292€;
2019год – 28,942€;
2020год – 20,600€.
Низ годините наназад, Општина Охрид ако умееше мудро да управува со парите, можеше да направи многу повеќе за празнична атмосфера и да набават украси и реквизити кои ќе останат трајно во сопственост на општината, наместо да се изнајмуваат сијалички секоја година, а со тоа континуирано да го заштитуваат бизнисот на „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ” и сопствените интереси.
❗️Овој начин на делење на тендери дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошењето на парите, без да се земат предвид реалните потреби и приоритети на граѓаните.