март 2, 2021

Детали за драмата во Љубош: Познат идентитетот на повредените и приведените лица

На 14.01.2021 во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје.

Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се лишени од слобода, а обезбедени се и нивните возила и оружјето.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во болница немаше никаков инцидент, ниту пукање, изјави директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков, откако повеќе медиуми известија за наводен инцидент пред зградата на старата градска болница во Скопје, без да наведат извор на информацијата.

Во болницата попладнево биле донесени две повредени лица, кои се здобиле со повреди од огнено оружје при пресметка надвор од кругот на болницата. Пред болницата забележавме возило на граничната полиција со запалени ротациони светла, но нема потврда дали тоа е поврзано со инцидентот.

„Немаше никаков инцидент, двете лица беа донесени повредени. Едниот беше со прострелна рана во пределот на стомакот и на него во моментов се изведува операција. Второто лице беше со повреда во пределот на лицето и тоа е препратено на Клиниката за максилофацијална хирургија“, вели директорот Арсенков.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •