март 4, 2021

Австрија воведува задолжителен негативен тест за влез во театар и за резервации на хотели

АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕН одобри денеска на владата воведување на задолжителен негативен тест за одење во театар и за резервација на хотели, и покрај воздржаноста на некои деловни здруженија.

Владејачките конзервативни пратеници во коалиција со Зелените гласаа за владата на Себастијан Курц да ја воведе оваа мерка по завршувањето на третиот карантин на 24 јануари. За ваквата одлука беа и опозициските социјалдемократи, кои го обезбедија потребното двотретинско мнозинство, додека крајната десница беше против.

Австрија досега не успеа да го намали бројот на новозаразени

Австриската стопанска комора претходно соопшти дека е скептична во однос на мерката во кафулињата, хотелите и рестораните кои сега се затворени. Владата исто така сака да воведе задолжителен негативен тест за коронавирус при влегување во болница за лекување на други болести освен ковид-19. Главно поштедена од првиот пролетен бран на пандемијата, Австрија не успеа да го намали бројот на заразени, иако воведе трет карантин од почетокот на пандемијата по Божиќ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •