април 17, 2021

КОБНО СЕЛФИ НА ШИНИТЕ: Словенечки тинејџерки касно го виделе возот, тоа било фатално за едната

Една малолетничка починала откако ја прегазил воз во Марибор додека се фотографирала со нејзина другарка на пругата.

Несреќата се случила во вторникот во 15 часот и 10 минути на станицата Тезно, а пред да се случи несреќата, кондуктерот сигнализирал, бидејќи не можел брзо да закочи, но било предоцна, пренесува порталот 24УР.

Едната девојка починала на самото место, а другата е пренесена во болница во сериозна психичка состојба.

Истрагата покажала дека девојчињата се фотографирале на шините, како и дека патничкиот воз што сообраќал на линијата Љубљана – Марибор започнал да им сигнализира бидејќи не можел да запре веднаш поради брзината. Тие скокнале од шините во последен момент, но за жал за едната било предоцна.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •