јануари 26, 2021

Трамп: Обидот за мое отповикување е смешен, ова е најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп, за прв пат се обрати на новинарите после почнувањето на гласањето за негово отповикување, и нередите во Конгресот.

Тој додаде дека ова е „најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката“.

„Не сакам насилство“, рече Трамп за време на посетата на ѕидот на американско-мексиканската граница во Алама во Тексас, пренесува „Ројтерс“.

Би-Би-Си цитира дека Трамп го осудува обидот на демократите да го симнат од власт поради тврдењето дека ги поддржил насилствата во Конгресот.

„Ова е најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката. Мислам дека предизвикува огромен гнев, а обидот за отповикување е смешен“, рече Трамп, додавајќи дека гасењето на неговиот налог на Твитер е „катастрофална грешка“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •