јануари 27, 2021

Невремето од Шпанија се движи кон Балканот, носејќи поларен бран

Олујата Филомена му донесе на Мадрид невидени количини на снег и ниски температури минатата недела, кои се спуштија на рекордни нивоа од околу -36 ° С. Тоа беше првиот снег во Мадрид во последните 10 години и наврна околу половина метар. Толку снег главниот град на Шпанија нема забележано во последните 50 години. Во исто време, месечните просечни врнежи од дожд во Гибралтар се исполнија за само два дена.

Во меѓувреме, овој циклонски систем се пресели преку Медитеранот, така што веќе ги зафати источните делови на Балканот, Србија и продолжува кон Грција и Турција. Во последниве години стана вообичаено правилото ураганите да се преименуваат кога ќе дојдат во Европа како екстратропски циклони. Тие доаѓаат тука од Атлантикот, така што имињата им се даваат во земјите кои први ќе бидат нападнати“. Но, наречете го овој циклон Филомена или не, факт е дека тој е истиот систем, иако во меѓувреме, минувајќи низ Средоземното Море, претрпе неколку промени. Сега стигна до Јонското и Егејското Море и продолжува на исток.

Циклонот донесе исклучителни врнежи во Турција, но и во делови од Грција, кои се релативно невообичаени ситуации за овој дел од светот, но во последните зими веќе имавме силно невреме што донесе невиден снег во јужните делови на Европа и северна Африка. Гребенот на антициклонот Азори се движи кон исток од запад, од централниот дел на Атлантикот, се протега над Европа и со една гранка стигнува до Балканот, предизвикувајќи ладниот воздух да се повлече од север, од Арктичкиот круг кон Европа. Антициклонот е ротирачки систем, исто како и циклонот. Но, тој е обично поголем од циклон, па затоа се врти побавно, како големо тркало. Циклонот, наречен Филомена, кој е пред антициклонот, ротира спротивно од стрелките на часовникот, додека зад него се наоѓа антициклонот, кој се врти во насока на стрелките на часовникот. Задниот дел на циклонот повлекува воздух од северот на Европа кон југ, а антициклонот тоа го прави со предниот дел.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •