април 16, 2021

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за предлогот на грчкиот премиер за “ковид пасоши”

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за предлогот на следниот Европски совет за „сертификат за вакцинација“ на коронавирус што ќе помогне во олеснувањето на патувањето меѓу земјите-членки, како што беше изнесено од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, пишува Катимерини. 

Во писмо до претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, грчкиот премиер препорача воспоставување на „стандардизиран сертификат, кој ќе докаже дека едно лице е успешно вакцинирано“ против Ковид-19. Таквата иницијатива, рече Мицотакис, ќе биде „клучен чекор“ во „обезбедување на најбрзо можно повторно воспоставување на слободата на движење меѓу земјите-членки, но и со трети земји“.

Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Кирсмикер, денеска рече дека „сите прашања што се изнесени во ова писмо, заедно со другите прашања во врска со вакцинациите, ќе бидат разгледани во рамките на Европскиот совет“.

„Ги чекаме резултатите од оваа важна средба и ќе бидеме во состојба да го дискутираме и да одговориме на писмото што го добивме од грчкиот премиер“, додаде тој.

Заедно со писмото, Мицотакис приложи нацрт-сертификат креиран од грчките власти што може да послужи како почетна точка за дискусија за таквата иницијатива.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •