април 15, 2021

ИХФ ПОТВРДИ – Македонија ќе биде дел од ракометниот Мундијал

 Светската ракометна федерација (ИХФ) официјално потврди дека Македонија, ќе биде дел од најголемиот ракометен собир.  Кој чека ќе дочека, вели поговорката. Ова на најдобар можен начин се потврдува во машката македонска ракометна репрезентација. Македонија ќе ја продолжи традицијата на настапи на големите ракометни натпреварувања.  Само ден пред стартот на Светското првенство во Египет, пристигнува информацијата дека Чешка нема да настапи на Мундијалот.  Репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот, потврди претседателот на чешката федерација.  Такви проблеми во нашиот тим нема, односно по последните направени тестови ниту еден член на нашата селекција нема позитивен тест на Ковид-19.  Македонија ќе го заземе местото на Чешка односно да игра во Г групата , во која редоследно треба да игра против Шведска веќе во четврток (14 јануари), па два дена подоцна (16 јануари) против домаќинот Египет, на  18-ти против селекцијата на Чиле, која во рамките од подготовките нашите ракометари два пати ја победија. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •