април 17, 2021

Исамедин Азизи – нов член на македонско-бугарската историска комисија

Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван нов член во Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија, соопштуваат од Владата.

Тој ќе им се приклучи на останатите членови на комисијата од македонска страна која беше формирана за да се разрешат историските спорни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •