јануари 16, 2021

ЗА САМО ЕДНА НЕДЕЛА, ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СКОКНАА ЗА 8 ПРОЦЕНТИ

На светските пазари, цените на нафтата скокнаа за 8 проценти, за само една недела. И со тоа вредноста достигна рекорд, за скоро една година. Причината за овој раст се должи на најавата на Саудиска Арабија, дека дополнително ќе го намали производството за еден милион барели дневно во февруари и март, како дел од договорот на повеќето производители на нафтени организации (ОПЕК) и нивните сојузници.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела, скокна за 8,1 процент на 55,99 долари, додека на американскиот пазар за еден барел порасна за 7,7 проценти, на 52,24 долари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •