јануари 20, 2021

Граѓанскиот сектор бара казни за сите што граделе и дозволиле диви градби во Охрид

Санкционирање на сите чинители што се дел од државните институции и не постапувале по законските обврски за заштитениот регион, но и казни за оние кои градат бесправни објекти, е еден од првите чекори што треба да се направат, смета активистката Драгана Велковска, од невладината организација Охрид SOS. Таа во дебата на Телма го повика градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, да поднесе кривични пријави до сите кои бесправно градат објекти и со тоа го загрозуваат заштитеното подрачје.

-Треба да се санкционираат сите, од вработените во државните институции и од највисоките раководства, па се до оние кои градат бесправно, бидејќи бесправното градење е кривично дело. Во тој контекст го повикувам градоначалникот да поднесе кривични пријави за оние кои градат бесправно и за оние кои е констатирано дека граделе бесправно како на пример што хотелот во Лагадин кој веќе претставува споменик на нелегалната градба и е шампионско здание кое постојано е во процедура напред-назад со решенијата сè уште останува така – вели Велковска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •