април 16, 2021

Германија стравува од немири слични на оние во Вашингтон

Во ноември, некои пратеници беа нападнати од гости во Бундестагот поканети од десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД).

Во Германија, се разви дебата за потенцијалната опасност што го загрозува уставниот поредок од десничарите и противниците на пандемиските мерки. По нападот од страна на следбениците на американскиот претседател Доналд Трамп врз Капитол, центарот на највисоката законодавна власт во Соединетите држави, во Германија се разви дебата за потенцијална опасност што го загрозува уставниот поредок од десничарите и противниците на пандемиските мерки. „Ние во Германија не само што мора да ја подобриме безбедноста околу важните демократски институции, туку и да внимаваме на секташките движења како Квирденкер и слично, кои се спротивставуваат на пандемиските мерки“, рече баварскиот претседател Маркус Содер (Христијанско-социјалната унија, ЦСУ), за дневникот Велт ам Зонтаг. Тој изрази страв дека „злите зборови може да доведат до зли дела“, па дури и формирање на терористички групи како РАФ во 70-тите години на минатиот век.

Насилни демонстрации

„Помали групи од поголемите движења, би можеле да се искристализираат што би формирало тврдо јадро и на крајот терористичка ќелија“, рече Содер. Тој потсети дека минатото лето, насилните демонстранти против владините мерки против ширењето на пандемијата се обидоа да влезат во зградата на Рајхстагот. Дел од сторителите припаѓале на таканареченото движење “Граѓани на Рајхот” кои не го признаваат уставниот поредок на Сојузна Република Германија. Во ноември, некои пратеници беа нападнати од гости во Бундестагот поканети од десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД).

Подобар систем од Вашингтон

Потпретседателот на Бундестагот Волфганг Кубицки рече дека сцените како оние од Капитол во Вашингтон се „невозможни“ во Германија поради безбедносниот систем со кој беше опремена зградата на Рајхстагот. „Тука имаме систем што не постои во Вашингтон. „Сите влезови во Бундестагот можат да бидат блокирани истовремено, а сите прозорци се непробојни“, рече Кубицки. Тој одговараше на извештаите во медиумите дека претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле минатата недела побарал дополнителна полициска заштита за зградата на Рајхстагот, во кој се наоѓа германскиот парламент.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •