април 16, 2021

Вонредна состојба во неколку градови во Србија, над 10 000 домаќинства без струја

Поради поплави предизвикани од обилните врнежи на дожд во градовите и на снег на планините, во неколку градови на југот од Србија локалните власти прогласија вонредна состојба. Ситуацијата од утрово се смирува, но над 10 000 домаќинства сè уште се без струја, јавува РТС.

Вонредната состојба е прогласена во Ниш, Врање, Лесковац, Власотинце, Дољевац, Бојник и други, каде обилните дождови предизвикале поплави и ги заматила изворите на вода.

Градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски, во изјава за РТС нагласува дека водата е исправна за пиење, а во моментов само две населби немаат водат. Во друга населба пак, поплавени се дворови каде градските власти користат пумпи за испумпување на водата. Вонредната состојба, според градоначалничката, е прогласена за да може градот полесно да функционира.

Во Врање, пак, поплавени се околу 20 подрумски простории и дворови.

Според последните информации од Секторот за вонредни состојби, од утрово состојбата со поплавите на југот од Србија се стабилизира, а реките се повлекуваат откако престанаа обилните врнежи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •