април 17, 2021

БЕКТЕШИ ЗА ТВ 24: ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа се осврна на вакцинацијата кај нас и во регионот. Министерот истакна дека вакцинацијата ќе влијае врз економијата и динамиката на опоравување, но истовремено треба да се земе в предвид и вакцвинацијата во другите држави со кој земјава остварува трговски врски. Со физичко присуство договорите полесно се склучуваат, рече министерот.

Во однос на петтиот пакет мерки рече дека е обезбеден буџет за 2021.

„Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори со сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во склоп на владата имаме јавно-приватни состаноци каде се вклучени сите стопански комори.“ – рече Бектеши.

Потенцираше дека ќе ги собираат сите предлози кои доаѓаат во различни институции, вклучувајќи го и министерството за економија и на почетокот на февруари согласно плановите, ќе излезат со тие мерки за да се реализираат.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •