април 17, 2021

Апасиев бара оштета од 30.000 евра за незаконското прислушување

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев поднесе тужба и бара оштета од 30.000 евра за незаконското следење, односно прислушкување на неговите телефонски разговори.

Тој вчера на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации. Станува збор за кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“.

„Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено“, соопшти партијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •