јануари 25, 2021

Русковска: Верувам дека нема документ дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирала протестите, тие за ниту едно важно прашање не оставаат документ

Обвинителството презентираше свои материјални докази дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги организирала тие протести, а и сведоци, изјави обвинителката Вилма Русковска по денешното сведочење на неколку поранешни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдеа дека партијата не донела никаков официјален документ дека стои позади протестите кои се организираа и кои кулминираа со упадот во Собранието.

На денешното рочиште за организаторите на 27 април сведочеа и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот министер, Никола Тодоров како сведоци предложени од одбраната.

-Верувам дека во еден дел се точни изјавите на сведоците дека никаде нема официјален документ дека таа партија ги организира протестите. Тие за ниедно важно прашањепозади себе не оставаат официјален документ и во тој дел им верувам на сведоците, рече Русковска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •