јануари 15, 2021

Османи го демантира Каракачанов: Нема никаков Анекс со 12 точки

Нема никаков Анекс со 12 точки, истакна македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за ТВ 21, како одговор на изјавата на бугарскиот министер за одрбана, Красимир Каракачанов. Според него, таков документ постои и доколку Македонија го потпише, тогаш има шанса да добие датум за преговори за членство во Европската Унија (ЕУ) во текот на јануари или во февруари.

Постоење на Анекс со 12 точки што го лансира Каракачанов е причина за критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ додека од владеачката гарнитура се демантира такво нешто, со појаснување дека постои само Акциски план за спроведување на Договорот за добрососедство. Од МНР во изминатите денови ја нагласија и константата на размена на мислења, идеи и ставови со источниот сосед.

– Двете страни често споделуваат свои предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат позициите. Последен од низата е Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна, кој е предлог од наша страна, a за кој очекуваме овие денови да добиеме одговор и/или предлог забелешки и предлози од страна на Република Бугарија, соопштија од МНР.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •