јануари 27, 2021

Нема веќе „лајк“ на Facebook страници

Facebook ја укинува опцијата „лајк“ за јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, соопшти компанијата.

Со новиот редизајн на социјалната мрежа, на страниците на Facebook ќе бидe прикажано само копчето Follow и ќе може да се види бројот на следбеници.

Ќе има наменски News Feed каде корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата на својот блог.

„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Facebook во врска со редизајнот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •