јануари 25, 2021

Некој внесува немир во Гостивар: Меѓуетнички тензии се промовираат на Тик-ток (видео)

Уште еден тик-ток предизвик за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Овојпат никој не пука со оружје, ниту пак турира на плоштад со бентлито. Денешниот предизвик за Спасовски е меѓуетнички и доаѓа од Гостивар.

Непознато лице се снимало и видеото го објавило на социјалната мрежа Тик-ток, а во него упатува погрдни зборови на граѓани кои шетаат на кејот на реката Вардар во Гостивар.

„Ние сме овде, пи*ка ви матер! О каур, дома да ве гледам сите!“, извикува лицето, а за својот меѓуетнички потфат добива 48 лајка од истомисленици.

Албанците го користат зборот „каур“ со навредлива конотација кон Македонците или друго христијанско население.

За Гостивар гостиварци ќе кажат дека владеат добри меѓуетнички односи, тоа го мислат и Македонци и Албанци. Затоа лица како овој насилник сериозно го поткопуваат мирот во градот во кој минизнство се Албанци, а малцинството Македонци.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •