јануари 24, 2021

Кој ќе ги „исчисти“ дивите населби кај Керамидница и од страната на Аеродром?

Градоначалникот на Аеродром се фали со садење дрвца, скопскиот пак дека го чисти снегот што инаку го нема низ скопските улици, но кој да ги „исчисти“ дивите населби од страните на реката Вардар, и од делот на Аеродром и од кај Керамидница?

Ваков одговор бараат скопјани со години,особено оние кои живеат во нивна близина.
-Со месеци не можам да си го продадам станот оти веднаш зад мојата зграда, односно терасата моја гледа во дивите населби, од каде прво се шири страшна смрдеа, постојано чади и зиме и лете, а и трешти гласна музика… Овде јас повеќе не можам да живеам, а камо ли некој друг да купи стан. Мојата зграда ќе остане така, бидејќи луѓето кога ќе дојдат да ги гледаат становите и излезат на тераса, се предомислуваат во секунда, објаснува за „Скопско ехо“ Игор Н. кој живее во зградата од страната на Аеродром.

Реакции не само од жителите на зградата туку и од сите во населбите има многу долго време. Различни ветувања се правеа но никој не ги дислоцираше населбите и не им најде солуција.
-Кога ќе речат дека направиле ова или она, било кој пд градоначалниците, особено на Аеродром и на Скопје, веднаш излегуван на тераса, го чувствувам чадот и смрдеата, и брзо се присетувам дека апсолутно ништо никој не направил, вели нашиот соговорник.

Се надева сепак, дека крајот на мандатот на двајцата градоначалници ќе ги натера да демонстрираат одговорност, па остануваат следните неколку месеци да покажат дали воопшто нешто ќе сработат во врска со дивите населби.

Извор: skopskoeho.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •