јануари 23, 2021

Коѕијас: Каракачанов и неговата ВМРО прават од Бугарија Херкулес без мускули и дестабилизирачки фактор на Балканот

Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на европејците, изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО прават од Бугарија Херкулес без мускули и дестабилизирачки фактор на Балканот, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Таквата позиција на Бугарија кон Република Македонија е поради тонот што го дава крајно десната партија во власта, претставена од министерот за одбрана. Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на европејците – изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“.

Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Република Македонија се роди нова нација, која има свој сопствен јазик. Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули“, додава потписникот од грчка страна на Преспанскиот договор со Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •