јануари 27, 2021

Земјоделец го врати грантот од 74 илјади евра поради административен јазол (видео)

Земјоделец доби 74 илјади евра грант од ЕУ, но тие средства во декември мораше да ги врати поради пречките создадени од лошото функционирање на државните институции, објавува ТВ21.

Драги Памуков, земјоделец кој раководи и со земјоделската задруга Вегефреш во Куклиш заедно со 20 други земјоделци не успеаја да изградат откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи поради нејасна дефиниција дали земјиштето каде сакаа да го изградат објектот е земјоделско земјиште или индустриска зона.

Врз основа на документите кои општината ги издала во 2016 дека земјиштето е вон градежен опфат, Памуков аплицирал со проектот во Министерство за земјоделство.

Надлежните институции го потврдија овој јазол во кој требало да помине Памуков.

Од Министерството за земјоделство од каде Вегефреш го земало земјиштето под закуп за 30 години со цел да се изгради откупниот центар велат:

„Објектот не е изграден бидејќи нема добиено дозвола за градба, а причината е следна – Од 2000 година о. Струмица има донесено одлука за проширување на индустриската зона, а парцелата се наоѓа во тој опфат“.

Од општина Струмица потврдуваат. Велат дека – земјиштето се наоѓа во градежен опфат на населеното место Куклиш, согласно ГУП – Одлука бр.07-184/1 од 2000 година.

Извор: Тв 21

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •