јануари 18, 2021

СЕЛЕКЦИЈА, ЕУГЕНИКА И…

Тоа што сега го изјавуваат/тврдат македонските власти (особено Филипче) не е ново, што не значи дека ја намалува нивната одговорност. Уште пред десетина дена за слични мерки се зборуваше од највисокото ниво на ЕУ. Во тој контекст, Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (претходно министерка за одбрана/војна на Сојузна Република Германија и жена за која основано се смета дека го фалсификувала/плагирала својот докторски труд) за германски „Билд“ одлучно изјави: „Ќе м о р а што е можно подолго да се ограничи контактот со повозрасните луѓе, барем до моментот додека биде развиена вакцината за Ковид-19. Оваа популација најверојатно ќе мора да остене до одреден степен во изолација до наредната 2021 година кога се очекува вакцината да биде готова“ Изјавата на Фон дер Лајен е јасна – старите лица ќе бидат во домашен притвор, односно како што самата вели во што е можно поголема и з о л а ц и ј а, сѐ додека не се пронајде соодветна вакцина. Тоа може да биде до крајот на годинава, но може да биде и никогаш. Или, можеби, откако изолираните/притворените ќе поцркаат, затворени по домовите, како одвишен нуспродукт, кој само го оптеретува пензискиот фонд, бидејќи старите и така се осудени на смрт, изумувајќи дека од таа судбина не се ослободени другите и дека нивната иднина, во најдобар случај, е во сегашноста на старите. Никој не може да им одбегне на староста и смртта – некој порано, некој покасно. Дали тоа значи дека според оваа жена (бесмислено насмеана и разиграна) списокот на луѓето, кои ќе мора да бидат во домашен притвор/изолација, ќе се зголемува? Прашањето најмалку е од формална пророда, бидејќи за овие идеи на жената, која се одзива на името Фон дер Лајен, пишуваат и други германските медиуми. Меѓу нив се „Блиц“ и „Велт.“ Според „Велт“ Европската комисија веќе имала изготвено план за спроведување на мерките. Се чакало само денот кога планот ќе биде објавен. Меѓутоа, ќе се одело постепено, селективно. Прво требало да се изолираат тие што се наоѓаат во домовите за стари. Потоа ќе се види. Требало трпение, дообјаснува Фон дер Лајен

Многу можно е, макар што не е извесно, дека селекцијата на изолираните може да се прошири: сега на ред се старите, утре можат да бидат болните и изнемоштени лица, на кои и така им нема спас, а кои претставуваат терет за здраството и на оштеството воопшто. Потоа, можат да бидат „дефектните“, па… Така започна со Евреите во Нацистичка Германија. Прво не веруваа дека сите ќе ја доживеат истата судбина. Потоа, се надеваа дека барем некои ќе се спасат. Потоа, на ред дојдоа Евреите од другите замји, па Ромите/Zigeuner, па Словените, па… Кога сфатија дека во прашањес се сите, беше касно. Токму затоа, навреме треба да се преземаат мерки за да не се повтори тоа што еднаш беше. П.С. По некоја случајност, токму на денешен ден (20 април 1889.), беше роден Адолф Хитлер, кој сигурно во 1944 година не ни можел да претпостави дека од него, како и од неговиот монструозен систем/држава, само за година дена, ќе нема ништо. Уште помалку можел да го претпостави Нирнбершкиот процес. Мислеле дека се вачни и недопирливи, исто како и сегашниве.

Ова беше мојот пост од 20.04.2020 год. Неслучајно токму сега го преобјавувам. Вчера беше Денот В/Day V – денот на масовното вакцинирање, чии последици не се извесни и донесени се (метафорчки кажано) со Европско знаменце. Значи, по скратена постапка, оти возо’ може да отиде. Први во вакцинирањето, како привилигирна категорија, беа постарите лице, заедно со медицинскиот персонал. Во меѓувреме, Ковидот-19 мутирал, почнал да се шири меѓу младите, а рестриктивните мерки сè повеќе се стегаат. Топлото и ладното наизменично си ги менуваат местата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •